| четврток, 6 декември 2018 |

Потврда на пророштвата на Ванѓа: Не можевме да имаме деца, а тогаш таа го впери прстот кон нас и рече…

вангаБаба Ванѓа е најпознатиот пророк на овие простори. Нејзините пророштва и ден-денес се прераскажуваат и се потврдува нивната вистинитост. Кај неа доаѓале сите, а обичните луѓе биле нејзината најверна публика.

Таа секогаш им давала надеж и им помагала во најтешките моменти, со својата благост и зборови на утеха.

-Дојдовме пред куќата на Ванѓа, а глетката нѐ избезуми. Човек врз човек. Некои седеа по земја, бидејќи не можеа да го дочекаат својот ред да влезат кај пророчицата – се присетува жена од Македонија која ја посетила Ванѓа со својот мажот во седумдесетите години.Докторите им рекле дека никогаш нема да имаат деца, но нив не ги напуштала вербата.

-Беше лето, а температурата сѐ повеќе ги заморуваа луѓето што чекаа. Сепак, никој не сакаше да ризикува и да се тргне од редот. Којзнае кога повторно би добиле можност да ѝ се доближат на Ванѓа. Чекаа со часови, а некогаш и преспиваа само да ја видат пророчицата- сведочи жената.

Таа била упорна во чекањето, иако нејзиниот сопруг не верувал во моќите на баба Ванѓа.
– Тоа се глупости, не ми паѓа на ум да одам кај таа Бугарка – рекол сопругот, пишува 24сата.хр.

Сепак дошле. Ванѓа била посебно остра кон оние кои се сомневале во неа. Излегла од куѓата и му се обратила на парот.

-Го впери прстот во мојот сопруг, а собраниот народ се заледи. По цел пат ме пцуеше. Срам да ти е. Зошто си дошол ако не веруваш? Одговорот на прашањето е: Не, нема да имате деца!
Нивната судбина навистина била зацртана. Никогаш не добиле деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top