| четврток, 6 декември 2018 |

Возете внимателно, на повисоките места остатоци од кашест снег

снег

 Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози, на повисоките места и со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Врнежи од снег со послаб интензитет во утринските часови се бележат во Крива Паланка, Страцин, Маврово, Штип, Сарамзалино, Павлешенци, Делчево и во Кула.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде што е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top