Поголемиот дел од цигарите содржат 10 или повеќе милиграми никотин, а смртоносната доза е 2 до 16 милиграми. Никотинот е хемикалија која создава зависност и поради која на пушачите им е тешко да ја ги остават цигарите.
Во чадот од цигарите има околу 400 штетни состојки. Никотинот се ресорбира низ белите дробови, слузницата , горните дишни патишта и низ кожата. Пушачите вопросек живеат 13,2 години пократко од непушачите.
Добрата вест е што постојат состојки со кои може да го исчистите никотинот од организмот.
Брокула
Брокулата содржи високо ниво на витамин Б, Б5 и Ц. Недостигот на витамини може да предизвика неправилно функционирање на организмот, затоа е добро во вашата храна да ја вклучите и брокулата поради високиот удел на витамин Ц, кој го одржува метаболизмот и ги чува белите дробови од токсини.
Портокал и лимон
Овие моќни агруми изобилуваат со витамин Ц и поволно делуваат на организмот, особено врз организмот на пушачите бидејќи чадот од цигарите го редуцира нивото на овој витамин. Лимонот е уште помоќно оружје од портокалот во борбата против никотинот. Го зајакнува имунитетот ја чисти кожата и порите и ги ублажува непријатните симпттоми од пушењето.
Спанаќ
Спанаќот содржи фолна киселина или витамин Б9 кои се познати по своите својства да го отстрануваат никотинот од организмот. Тој „отров“ може да го прекине и нормалниот ритам наспиењето па пушачите честопати имаат проблеми со прекинатиот сон.
Ѓумбир
Ѓумбирот е познат по тоа дека ги исфрла токсините од телото , а потребно е да се консумира сиров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.