| четврток, 6 декември 2018 |

Секс кој го зголемува ризикот за добивање на рак за дури 22 пати

seks pregled

Веројатно барем еднаш до сега сте слушнале дека вирусот HPV (Humani Papiloma Virus) носи ризик за заболување од рак на матката, но тоа и не е единствената опасност. На тој ризик се изложувате многу почесто отколку што мислите.

HPV е вирус којшто има многу видови, а некои од нив предизвикуваат канцер. Вообичаено до сега се сметало дека ракот на грлото или главата се предизвикуваат од пушење или прекумерно консумирање на алкохол.

Сепак, на научниците не им било сосема јасно како канцерот, којшто вообичаено се врзува за канцерот на матката, станува рак на грлото. А сличноста била тука – но методот бил нејасен.
624-400-oralen-seks-felacio-frenska-liubov-izrael

А потоа дошол и заклучокот. Оралниот секс е главен виновник за пренесување на вирусот HPV-16 во грлото и хранопроводникот. Луѓето коишто заболуваат од HPV имаат за дури 32 пати поголема шанса за да заболат од рак, а ако вирусот се пронајде во грлото, шансата да добиете тумор е за 22 пати поголема од вообичаено.

Всушност, последните резултати од истражувањата покажуваат дека HPV вирусот е многу поголем виновник за канцер на грлото и од алкохолот и цигарите.

Речиси секој од нас во одреден период од животот ќе добие HPV, но оние со послаб имунитет му се поподложни. Сепак, во ретки ситуации вирусот зајакнува и предизвикува рак на матката, пенисот, анусот, вагината или усната празнина.
Канцерот на грлото е два пати почест кај мажите отколку кај жените. А најчест е кај хетеросексуалните мажи во 40-те и 50-те, при што поризично е да имате орален секс со жена, отколку со маж.

Мајкл Даглас и јавно укажа на фактот дека поради орален секс добил рак на грлото, а со поддршката на неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс и лекарскиот тим тој успеа и да го победи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top