| четврток, 6 декември 2018 |

Убавина со цел

avon

Работењето на козметичкиот гигант „Авон” почива на носечката идеологија на компанијата насловена како: „Убавина со цел” . Кога убавината ќе стане средство за креирање поубаво општество тогаш вистински е реализирана. „Убавина со цел” всушност ја раскажува и слави целата приказна на компанијата од нејзиното основање досега – од создавањето врвни производи за убавина по многу прифатливи цени, до бројните можности за заработувачка кои на жените им помагаат да станат успешни и независни.

Водејќи се од ова начело,„Авон” успеа да ја вивне продажбата многу повисоко ниво. Токму овие жени се клучните фигури со кои многу успешно се гради продажната мрежа на АВОН. Но, компанијата не застанува тука и постојано работи на проширување на идеите преку кои ја разубавува и заштитва жената. Својата мисија за создавање поубав свет компанијата ја потврдува и преку хуманитарната продажба на специјално избрани производи од нејзините брошури. Притоа, 100 отсто од профитот од продажбата на овие производи се насочува кон различни хумани цели, како што се кампањите за борба против ракот на дојка и против семејното насилство.

– Во АВОН, убавината е патувањето, а осамостојувањето е целта. Ние создаваме производи за убавина со докажан квалитет и вредност, кои нашите Претставници лесно ги продаваат и ја стекнуваат довербата на нивните семејства, пријатели и останати купувачи. „Убавина со цел” ја опфаќа целата оваа едноставна вистина – кога се чувствуваш убаво, гледаш повеќе убавина и создаваш убавина околу себе – потенцираат од „Авон”.

Од „Авон” веруваат дека успешната и самостојна жена е убава жена. Затоа компанијата преку својот препознатлив начин на работа се стреми да создаде свет со што повеќе такви жени, кои ќе го направат поубаво место за живеење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top