| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев: Ниеден лидер на политичка партија не ја оспорува работата на СЈО

– Јас досега од ниту еден лидер на политичка партија немам видено дека се оспорува работата на Специјалното јавно обвинителство – изјави премиерот задолжен за спроведување на изборите Емил Димитриев одговарајќи на новинарско прашање.

EMIL-DIMITRIEV-1

-Напротив сето она што е потребно за функционирање на оваа институција од страна на Владата е обезбедено. И сега апелирам дека и ако има дополнителни барања до Владата за нормално функционирање, стоиме на располагање и сметам дека воопшто не е доведено во прашање функционирање на оваа институција, вели Димитриевс кој денес присуствуваше на настанот по повод завршувањето на градежните работи на објектот на Јавната здравствена установа ПЕТ ЦЕНТАР, Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top