| четврток, 6 декември 2018 |

Го чекал татка си на целта за да го прегрне….

Мартин Ричард имаше само осум години. Стоеше со мајка си и сестра си на целната линија на бостонскиот маратон и чекаше татко му да ја мине целта и тој да го прегрне. На неговата судбина пресудија секунди. Не минути, туку секунди

Мартин Ричард имаше само осум години. Стоеше со мајка си и сестра си на целната линија на бостонскиот маратон и чекаше татко му да ја poмине целта и тој да го прегрне. На неговата судбина пресудија секунди. Не минути, туку секунди.

Бил Ричард ја пoмина целта непосредно пред првата ексползија. Мартин му притрчал и го прегрнал. Потоа се свртел назад и тргнал кон својата мајка и сестра. Кога стигнал до нив, експолдирала првата бомба.

дете бостон

Мартин стана најмладата од трите жртви на терористичкиот напад на бостонскиот маратон, кој се случи вчера.

Мартин живеел во Дорчестер, предградие на Бостон, каде што вчера на целта на маратонската трка одржана во овој град, експлодираа две бомби. Во нападот загинаа најмалку три лица, додека повеќе од 150 се повредени.

Најголемиот весник во Бостон јавува дека помалата сестра на Мартин во експлозијата ја загубила ногата, додека мајката, исто така, е тешко повредена. Третото дете на брачната двојка не е повредено.

– Тие се омилени во нашата заедница. Ова е невозможно, трагично, несфатливо. Ни останува само да се тешиме едни со други и да се молиме – изјавила колешката на Ричард од градското собрание на Бостон, Ајана Пресли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top