Знакот Бик се плаши од знакот Овен поради неговата пробивност, експлозивност, Бикот сеуште не се поместил, а Овенот може да заврши работа и да го однесе пленот пред нос.
Знакот Близнаци се плаши од Бикот зошто Бикот може да ја чека цела вечност и да се придвижи во вистинскиот миг, додека тие ја губат целата сила поради недостиг на енергија трпение и лоша организација.
Припадниците на знакот Рак се плашат од Близнаците поради нивното брзо учење, собирање информации, разумно заклучување, Раковите не можат да го издвојат рациото од емоциите.
Припадниците на знакот Лав се плашат од емоциите на Ракот, бидејќи колку и да е Ракот послаб од Лавот, со емоциите може да го загрози егото на секој лав и да му покаже на Лавот дека само си замислува дека Лавот е центар на светот, центар на светот се емоциите.
Знакот Девица се плаши од Лавот поради неговата дипломатија , глума и не му е јасно како Лавот знае да живее во раскош, а да не биде оптоварен со пари, како Девиците.
Знакот Вага се плаши од логиката на Девицата, нејзината точност, прецизност. Кога нешто ќе испланира Девицата тоа е точно до крајност, а додека Вагата измери, Девицата е во голема предност.
Знакот Шкорпија се плаши од шармот на Вагата, интелектот и дипломатијата. Додека Шкорпијата реши да се отвори, Вагата веќе ги свртела сите околу себе.
Знакот Стрелец се плаши од мистичната Шкорпија, бидејќи Стрелците се деца, не сакаат она што е темно и проткаено со мистерија.
Знакот Јарец се плаши од оптимизмот на Стрелецот, среќата која ги следи и никогаш со нив не се впуштаат во костец.
Знакот Водолија се плаши од времето бидејќи стално трча пред времето, а не е подготвен да се избори со она што бил некогаш. Господар на кармата и минатото е знакот Јарец.
Знакот Риба се плаши од непредвидливоста на Водолијата, начинот на размислување и знае дека ако ја изнервира Водолијата таа ќе го уништи концептот за две секунди и повеќе тоа нема да може да се состави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.