| четврток, 6 декември 2018 |

Европол: Исламска држава планира големи напади во Европа

vejnart

Исламска држава ја зголеми својата способност за глобални напади и подготвена е повеќе да се фокусира на Европа по масакрот во Париз, предупреди денеска директорот на Европол Роб Вејнрајт.

Тие сознанија, покажуваат дека т.н. Исламска држава развила способност за нов борбен стил да изврши кампања на терористички напади од големи размери на глобално ниво, со особен фокус на Европа.

Европол инаку денеска покрена Европски центар за борба против тероризмот што ќе придонесе за подобра размена на информации и оперативна координација на земјите.

– Таквиот вид соработка е неопходна на Европа во борбата против организираниот криминал и тероризмот, рече холандскиот министер за правда и безбедност Ард ван дер Стур – се наведува во соопштението на Европол. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top