Дилемата дали да рипне од третиот кат или да се соочи со гневот на бесниот маж со чија сопруга имал интимен однос, гол како од мајка роден „љубовџијата“ спасот го нашол прекачувајќи се на балконот на сосетката, а таа мислејќи дека е манијак, како што е редот, повикала полиција…
Повиците за полициска помош на бесплатните телефонски броеви понекогаш успеваат и до солзи да ги насмеат полицајците што се нашле од другата страна на линијата или, пак, оние што отишле на интервенција по добиената пријава. Тие не се само измислени приказни во некое американско шоу или настани што се случуваат некаде далеку. Напротив, ги има и кај нас. И нашите полицајци во текот на својата работа добиваат повици што ќе останат едни од најзапамтените случки во нивните кариери, пишува „Нова Македонија“.
Било околу три часот изутрина кога жена на терасата од својот стан на третиот кат во една зграда во скопски Аеродром здогледала маж без облека, како од мајка роден. И мажот ја видел жената што била внатре, па почнал да ѝ тропа на стаклото од балконската врата за да му отвори.
Жената испаничена, мислејќи дека е крадец, манијак или некој криминалец, наместо да му отвори, ја кренала телефонската слушалка и свртела на линијата 192.
Откако ја добиле пријавата, вработените во полициската станица во Аеродром веднаш се упатиле на местото на настанот и навистина сликата што ја затекнале била таа: на терасата имало маж без облека.
Како што раскажуваат полицајците, на човекот му била дадена престилка да се покрие и почнале разговор за тоа како стигнал на балконот на третиот кат од зградата.
Набрзо се дознало дека мажот ѝ бил љубовник на сосетката на жената што пријавила во полицијата. До непријатната ситуација дошло поради тоа што сопругот на сосетката неочекувано дошол дома, а „љубовџијата“ немајќи време, истрчал на балконот, а оттаму се прекачил на соседниот. Првично тој сакал да рипне за да се спаси од ситуацијата, но се откажал поради височината, па му останало само да се прекачи на соседниот балкон или да се соочи со сопругот на љубовницата.
– Од страна на полициските службеници, лицето било однесено до својот дом, со оглед на тоа дека бил без гардероба, а на пријавувачката ѝ „олеснило“, бидејќи не станувало збор за насилник или за криминалец – појаснуваат од полицијата.
Повеќе од овие комични, но вистинити случки на „Нова Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст