| четврток, 6 декември 2018 |

Мареј и Ферер последни четвртфиналисти на АО

Британскиот тенисер Енди Мареј и Шпанецот Давид Ферер ја комплетираа листата четвртфиналисти на Австралија Oпен.

На последните два денешни мечеви Мареј го победи австралискиот тенисер Бернард Томиќ со 3-0, по сетови 6:4, 6:4 и 7: 6, додека Ферер исто така со максимални 3-0 беше подобра од Американецот Џон Изнер, по сетови 6:4, 6:4 и 7:5.

Ноќеска пласман меѓу осумте најдобри обезбедија Милош Раониќ од Канада и Гаел Монфилс од Франција.

Двојки за четвртфиналето:

Роџер Федерер (Швајцарија) – Томаш Бердих (Чешка),
Новак Ѓоковиќ (Србија) – Кеи Нишикори (Јапонија),
Ферер – Мареј и
Монфилс – Раониќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top