Втемелителот на Северна Кореа и дедото на денешниот диктатор Ким Џонг Ун, Ким II Сунг му дал на секој челен од своето потесно семејство посребрен пиштол и им кажал да го убијат неговиот син доколку некогаш се обиде да ја реформира земјата.
Ким II Сунг не сакал Северна Кореја да се оддалечи од сталинистички корени на кои почива и за тоа бил подготвен да го жртвував и сопствениот син, Ким Џонг Ил, открива новата книга. Нејзин автор е поранешен лен на државна информативна служба, Ра Јонг Ил кој тврди дека приказната за пиштолите ја слушнал од шпион од Пјонгјанг.
-Ким II Сунг увидел од примерот на распаѓањето на Советскиот Сојуз што би можело да се случи и со Северна Кореја и не сакал да дозволи целиот систем да се урне – изјавил Ра Џонг за британските медиуми.
Дали -Ким II Сунг насетувал дека неговиот син би можел да биде реформатор: Наводно Ким Џонг Ил сакал со земјата по неговата смрт да управува совет од 10 членови, а не неговиот син Ким Џонг Ун,но тој план не успеал да го оствари поради ненадејна смрт, пишува Дејли Мејл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст