Десното крило на македонската ракометна репрезентација Гоце Георгиевски посакува четири бода од последните два натпревара во групата 1. За денешната пресметка со Норвешка очекува тешка и исцрпувачка борба.
– Норвежаните со победата над Полска потврдија дека не случајно пренесоа четири бода од првата групна фаза. Знаеме за каква репрезентација се работи. Тоа е млада селекција со квалитетни поединци кои се во функција на колективот, а воопшто нема лесни противници на Европското првенство. Ние одиме на победа и на овој дуел и в среда против Белорусија и со две победи да го завршиме шампионатот и да го поправиме впечатокот, изјави Георгиевски.
Според него, Македонија треба да ги запре полуконтрите и контрите на Норвежаните, а за тоа е потребно сведување на минимум на техничките грешки, како и трпелива игра во нападот.
Натпреварот Македонија – Норвешка почнува во 18 часот и 15 минути, а од 20 часот и 30 минути домаќинот на ЕП Полска игра со Белорусија.
Табела група 1: Франција 6 бодови, Норвешка 6, Хрватска 4, Полска 4, Македонија 0 и Белорусија 0.
Двете првопласирани селекции одат во полуфиналето, а останатите играат за соодветен пласман од 5 до 12.место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст