| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ бара Фронтекс да ѝ помогне на Македонија

Германскиот весник „Билд ам Зонтаг“ пишува дека Европската унија ќе побара Европската гранична агенција – Фронтекс да отвори канцеларија во Македонија, со цел да ѝ помогне на земјава да ја контролира границата со Грција.

fronteks-650x310

Тоа е одговор на Европската унија на иницијативата на словенечкиот премиер Миро Церар за засилување на поддршката за Македонија за контрола на границата со Грција, за која денеска на неформален состанок во Амстердам ќе разговараат министрите за внатрешни работи и за правда на земјите-членки на Унијата.

Во моментов Фронтекс има право да дејствува само на територијата на Европската унија. ЕК планира на најбрз начин да создаде правна основа за работата на Фронтекс во Македонија.

Европската комисија веќе ѝ додели на Македонија 2,6 милиони евра во форма на хуманитарна помош, а се очекува да добие и дополнителни финансиски средства и помош во опрема и персонал. Македонија е дел од т.н. западнобалканска маршрута по која емигрантите се упатуваат на патот кон ЕУ.

Се оценува дека земјата најмногу настрада од дејствувањето на соседна Грција, чиишто власти организирано испратија во Македонија, а оттаму и во Европската унија стотици илјади емигранти. Грција, која граничи со Македонија, многупати беше обвинувана дека не ја заштитува својата надворешна граница, која, исто така, е надворешна граница на Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top