Федералните власти во САД трагаат по четворица осомничени за бомбашкиот напад на бостонскиот маратон што се случи вчера во која досега, според официјални информации, тројца се загинати, меѓу кои и осумгодишно дете, а повеќе од 140 се повредени, од кои 17 се борат за живот.
Засега нема информации за причините, ниту за тоа кој стои зад нападот.
Државната полиција соопшти дека бил издаден налог за претрес во една куќа, но без дополнителни детали.
Антитерористичките единици пронајдоа уште две неексплодирани бомби во близина на целта на маратонот.
Бостонскиот маратон се одржува на Денот на патриотите, празник на кој се одбележуваат првите битки во американската револуција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.