| четврток, 6 декември 2018 |

Со силен аплауз поздравен настапот на Народниот театар од Битола во Санкт Петербург

Претставата „Последната ноќ“, која претставува семејна психолошка драма, беше проследена и од голем број актери и членови на еден од најетаблираните театри во Руската Федерација, театарот „Вера Комерсажевскаја“, а меѓу присутните беше и рускиот режисер Александар Баргман кој годинава ќе режира претстава на сцената на битолскиот Театар

Со силен аплауз и овации беше поздравен настапот на Народниот театар од Битола кој синоќа во театарот „Достоевски“ во Санкт Петербург во Руската Федерација ја изведе претставата „Последната ноќ“ од Ингмар Вилквист, во режија на Андреј Цветановски, информираат од Министерството за култура.

Претставата, која е прво режисерско остварување на Цветановски во битолскиот Театар, беше прикажана во преполната сала на реномираниот руски театар, а актерите во оваа камерна дуо-драма, Соња Михајлова и Маријан Ѓоргиевски, неколкупати беа вратени на бис.

726beed8-a9d4-41e9-a0bc-913a6afa4c3e

Претставата „Последната ноќ“, која претставува семејна психолошка драма, беше проследена и од голем број актери и членови на еден од најетаблираните театри во Руската Федерација, театарот „Вера Комерсажевскаја“, а меѓу присутните беше и рускиот режисер Александар Баргман кој годинава ќе режира претстава на сцената на битолскиот Театар.

e8611722-8080-444f-9b35-0b484692ee95

Ова прво меѓународно гостување на Народниот театар од Битола во Руската Федерација во 2016 година се реализираше со поддршка од Министерството за култура, а до крајот на годинава се предвидени и гостувања во Соединетите Американски Држави и во Израел.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top