Многу мажи, сами и гневни, чукаат на вратата на Европа. Овој проблем се отвора набрзо по случувањата во Келн. Моменталното незадоволство од тоа што таму се случи на новогодишната ноќ се намалува, и дојде ред на истражните органи да ги анализираат статистичките податоци и преседаните. Првите резултати од тие анализи се вознемирувачки. Постои ризик идната Европа да биде претерано „машка“ и заради тоа неизбежно да настрада и од нагол пораст на престапите. Таа опасност не произлегува директно од верата по која се исповедаат бегалците, туку од дисбалансот на половите. 73 проценти од 1,2 милиони кандидати за азил во Европа, според последните податоци кои неодамна ги објави весникот „Економист“ се мажи, во споредба со 66 проценти во 2012 година. Италија е на чело на списокот на тие показатели со 90 проценти мажи кандидати за азил на нејзина територија, анализира „Кориере дела сера“.
Во принцип, 80-90 проценти од престапите – со лесни варијации од една земја до друга – ги прават млади мажи.
– Засега не сме доволно добро запознати со сегашната демографска ситуација за да изведеме заклучок од случувањата во Келн, рече Андреаден Боер, професор по меѓународна политика и межународни односи на Универзитетот во Јорк. „Досега не е правено никакво специјално истражување меѓу емигранстките групи од населението, но моите истражувања во Индија и во Кина (каде политиката на едно дете предизвика очигледен пад кај раѓањата на девојчиња) потврдуваат дека дисбалансот меѓу половите меѓу најмладото население води до поголема социјална нестабилност во која има и пораст на престапноста и насилството, посебно на насилството над жените.
Истражувањето на Ден Боер исто покажува дека веќе подолг период општествата со повеќе мажи, кои остануваат маргинални – било затоа што за нив е невозможно да се оженат или да живеат заедно со своите семејства, или затоа што немаат работа – се понестабилни и бројот на престапите кај нив расте, се зголемува бројот на криминалните банди, се зголемува употребата на наркотици. Ризикот од негативните последици исто расте во општество во кое преминување кон семеен живот е забавено, како што се случува со бегалците и мигрантите кои дошле сами во Европа.
– Ергените се посклони да вршат криминални дејства во споредба со женетите мажи кои се сентиментално обврзани, потврдува ден Боер. „Освен тоа, младите мажи се склони да се обединуваат во групи и поведението на една група неизбежно може да биде антисоцијално од тоа на некоја посебна индивидуа, дополнува ден Боер. Ккао што покажаа и случувањата во Келн.
Шведска прими во периодот септември 2014-септември 2015 по тројца кандидати за азил на секои 1000 жители. Тој процент ја претвори, просто кажано, во најгостопримлива земја. 17 проценти од тие кандидати за азил се премногу млади мажи, на возраст меѓу 14 и 17 години (во споредба со Германија, тој процент е само 6). Овие податоци можат трајно да го променат балансот на половите во оваа скандинавска земја. Сега во Шведска има 106 тинејџери од машки пол на 100 жени. Ако сите молби за добивање азил бидат одобрени, тој однос ќе стане 116 спрема 100.
Во минатото има навистина многу примери на земји кои успеаја да апсорбираат голем број мажи, без да настрадаат од социјална нестабилност. Германија, на пример, во 70-ите години од минатиот век прими над 2,6 милиони странски работници, во најголем број мажи. Но тие остануваа таму неколку години за потоа да се вратат во родните земји и така своевремено придонесоа за растот на германската економија.
– Клучот е да се направи така што имигрантите ќе извршат преод да станат рамноправни учесници во социјалниот и економскиот живот на земјата во која живеат, рече ден Боер.
Поголемиот дел од емигрантите во Европа всушност се обидуваат да добијат политички азил или од друга страна не припаѓаат на официјалните статистики на кандидатите за азил. На пример, Германија тврди дека примила еден милион мигранти миатата година, но досега регистрирала само околу 400,000 молби за добивање азил.
На основа на податоци од Евростат за кандидатите за азил, во Италија има најголем процент на мажи кандидати за азил во споредба со останатите европски држави.
– До октомври 2015, 90 проценти од 82.000 поднесени барања за азил беа мажи, повеќето млади мажи на возраст меѓу 18 и 34 години, посочува дн Боер. „Но Италија би требало да е во состојба да ги апсорбира новопристигнатите и да ги намали последиците од тој притисок, дополни експертот. Во целина, новопристигнатите во Италија не би требало да го нарушат балансот на половите како во Шведска, каде борјот на бегалците изразен во проценти, е многу повисок во споредба со целото население.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст