Во својот говор пред Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски им се обрати на СДСМ и нивните медиумски поддржувачи кои изминатите денови го отворија прашањето зошто тој се појавува на разни настани.
– Гледам дека деновиве, нашите опоненти и нивните медиумски подржувачи го отвораат прашањето зошто јас се појавувам на разни настани поврзани со остварувањата на ветувањата дадени на изборите, и со проектите за добробит на народот. Нема да им одговарам во стилот зошто Заев отвараше градинки со Жерновски, или Бранко удираше камен темелник на базен во Куманово или слично. Ќе им одговорам поинаку: Јас сум активен и ќе бидам уште поактивен заради народот кој ми ја дал довербата, ако воопшто имате чуство што тоа значи. Јас ја предводев кампањата и ја побарав довербата од народот за мене и мојот тим, за ВМРО и за нашата програма, идеи и идеали. Народот во секоја демократска држава кога излегува на избори, не дава подршка ни на министер, ни на премиер, ни на директор. Дава подршка на политичка партија, нејзината програма, нејзиниот лидер и неговиот тим, кому врз основа на минатиот труд му верува во ветувањата. Таа подршка од народот на минатите избори ја доби ВМРО ДПМНЕ, на чело со мене како нејзин претседател, и јас имам одговорност кон тој народ и кон ветеното кон него, рече Груевски и во продолжение им порача:
– Се обраќам на раководството на СДСМ и нивните медиумски подржувачи. Сакале вие или не, ќе ме гледате се повеќе меѓу народот, земјоделците, студентите, пензионерите, меѓу сите на кои никогаш не им го свртев грбот и не ги заборавив кога им било најтешко, и никогаш не ми го свртеа нивниот грб и не ме заборавија кога ми беше мене најтешко. Ќе ме гледате наскоро на многу средби со народот низ различни градови и села, ќе ме гледате со мојот тим и моите сопартијци како ги исполнуваме партиски и изборно дадените ветувања, но и како со народот ја договараме досега најдобрата и најсеопфатната, новата изборна програма за Македонија, истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии