Тројца насилници од тетовско Непроштено без причина со стапови нападнале деца од 11-годишна возраст кои играле фудбал.
СВР Тетово поднесе кривична пријава за Р.Ш.(20), А.Д.(18), А.Д.(36) и за А.С.(15), сите од село Непроштено за кривично дело насилство.
На 1 март годинава на фудбалското игралиште во село Непроштено, додека К.Т.(15), со неговите браќа на возраст од 11 и 12 години и со уште неколку други деца играле фудбал, дошле пријавените и почнале насилно да се однесуваат, по што физички ги нападнале истите, додека второпријавениот А.Д. со дрвен стап го удрил 11-годишникот по нога, нанесувајќи му телесна повреда. По ова, А.Д. ја запалил тренерката што 12-годишникот ја заборавил на игралиштето, а откако тој заедно со К.Т. се вратил да ја земе тренерката, Р.Ш. и А.Д. со дрвен стап го нападнал К.Т. нанесувајќи му повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.