
Домаќинот на Европското првнество во ракомет, репрезентацијата на Полска го доживеа првиот пораз во четвртиот натпревар, откако немаа вистински одговор за расположената Норвешка, која славеше со 30:28.
Во текот на целиот натпревар, Норвешка почесто го имаше водството, кое на полувреме изнесуваше 15:16. Константно скандинавците го одржуваа водството, кое го задржаа до самиот крај во кој сосема заслужено славеа.
Еспен Хансен беше избран за играч на натпреварот, бекот на Норвешка постигна 8 голови. Тонсен имаше шест, додека Јондал средбата ја заврши со 5 голови. Во редовите на домашната репрезентација, Биелецки имаше 10, додека Јурецки имаше 9 погодоци.
Со овој расплет, јасно е дека Македонија ги загуби шанси и за пласман до деветтата позиција. Многу веројатно е на врвот да има и ситуација од три репрезентации по 8 бодови, па за полуфинале да одлучи меѓусебната гол ралзика на Норвешка, Франција и Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Киненова“: Ексклузивна програма „Фокус на Норвешка“ во Кинотека на Македонија
-
Полска гори: Околу 200.000 маршираат, патриотите го запалија знамето на ЕУ! (видео)
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Три лица загинаа, а 38 се повредени во автобуска несреќа во Полска


