Во својата 96 година почина Жужи Јелинек, легендата на хрватската модна сцена која не се стегаше до зборува и да пишува за вистинските машки женски односи.
Родена во 1920 година, како девојка заминала во Париз каде работела како шивачка во Нина Ричи, а потоа и за Коко Шанел.Откако се вратила во Загреб отворила своја работилница.
Заради љубовта кон странските јазици, зборувала дури седум.
22 години пишуваше колумна за неделникот Глориа, односно вкупно 1088 колумни!
Со своето големо искуство и три брака, напиша дури десет книги.
Иако долгогодишен член на загребскиот еврејски совет, таа во својата автобиографија напиша дека е атеист откако во холокаустот и се убиени сите тројца браќа.
Хрватските медиуми, пишувајќи за нејзината смрт, потсетуваат дека своевремено се зборуваше дека Стивен Спилберг кој слушнал за жената која ризикувала се за да си ги спаси родителите, па сакал да сними филм за неа, но Жужи одбила бидејќи не сакала да живее во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст