| четврток, 6 декември 2018 |

Ватерполистите на Србија повторно европски шампиони

vaterpolisti srbijaВатерполистите на Србија ја продолжија својата двегодишна доминација и денеска со победата со 10-8 во финалето пред рекорден број на гледачи во белградска „Арена” ја одбранија европската круна со триумфот против Црна Гора.
Србија со новото континетнално злато стигнаа да ја израмнат доминацијата на Советскиот сојуз од 80-те години, кога СССР од 1983 до 1987 година, трипати стануваа европски шампиони. Инаку ова е шесто најсјајно одличје за северниот сосед во сите натпреварувања во низа.
Прлаиновиќ, Чук и Алексиќ постигнаа по два гола, а Филиповиќ, Мандиќ, Пјетловиќ и Вукчевиќ по еден за ново славје на Србите. Кај Црногорците, Бргуљан, Радовиќ и Јановиќ постигнаа по два гола.
Унгарија ја победи Грција со 13-10 во малото финале и ја освоија бронзата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top