| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Паоло Убиратан: Во никој случај не прекинувајте со алкохолот!

Главниот лекар на болницата во градот Порто Алегре во Бразил д-р Паоло Убиратан целосно го отфрла сето она што досега ни имаат кажано дека е корисно за здравјето. Во интервју за една локална телевизија, тој споделува шокантни факти за метаболизмот и за така модерниот здрав начин на живот кој е доста актуелен во изминативе неколку години.

Специјалистот буквално ги побива константните правила за долговечност како диетата, трчање за здравје и апстиненцијата од алкохол. Тој вели дека вежбите за кардиоваскуларниот систем не го продолжуваат животот, а вегетаријанството всушност е бесмислено. “Во срцето се зачувани залихи на издржливост за вршење на одреден број мускулни контракции. Немојте да ги трошите за правење на вежби”, советува доктор Убиратан.

Д-р Убиратан, се тврди дека вежбите за кардиоваскуларниот систем продолжува животот, дали е тоа вистина?

➥ Срцето е создадено за да изврши одреден број отчукувања. Не ги трошете за вежби. Вашиот животен период ќе помине независно од начинот на користење на срцевите можности.

➥ Тоа е сеедно да тврдите дека можете да го продолжите животот на вашиот автомобил, кога го возите со поголема брзина. Сакате да живеете подолго? Спијте и почитувајте ја „сиестата“ (времето за одмор).

Треба ли да се запре конзумирање на црвено месо и да се јаде повеќе овошје и растителна храна?

➥ Неопходно е да се разбере стратегијата на ефикасноста на исхраната. Што јадат кравите? Трева и пченка. Значи една стек всушност е најефективниот начин да дадете растителна храна на својот организам. Преферирате да јадете житарки? Тогаш јадете пилешко.

Треба ли да се намали конзумирањето на алкохол?

➥ Во никој случај! Виното се подготвува од овошје. Брендито – тоа е дестилирано вино. Тоа значи дека од овошјето е отстранета водата така што вие вадите максимална корист од нив. Пивото пак се прави од јачмен. Затоа не се лишувајте и од него.

Која е користа од редовните спортски тренинзи?

➥ Мојата филозофија е таква: ако нема болка – не правете ништо. Вие сте добро.

Штетно ли е конзумирањето на пржено?

➥ Во денешно време храната се пржи претежно во масло. Што е од растително потекло и производите кои се подложуваат на пржење, се напојуваат со него. Како може да биде штетна дополнителната растителна храна?

Како помага фитнесот за да се намали вишокот тежина?

➥ Апсолутно никако. Единствениот резултат од вежбите за мускулите е дека се зголемува нивните големини.

Дали е штетна чоколадата?

➥ Чоколадото се состои главно од какао – исто растителна храна. Прекрасен производ, употреба која ви овозможува уживање и среќа. Животот не треба да биде патување кон гробот со цел да пристигнете таму во добра здравствена состојба, со привлечна и добро сочувана надворешност. Најдобро е да го фатите патот со чаша пиво во едната рака и вкусен сендвич во другата и да умрете по бескрајно практикување на секс, со целосно заморено, употребено тело. И да признаете конечно, дека тоа беше едно прекрасно патување и навистина било добро што сте имале шанса да го доживеете.

Што би ни советувале уште?

➥ Ако долгото одење беше толку корисно, поштарите кои одат постојано ќе беа бесмртни. Постојат животни кои пливаат цел живот, јадат риба и пијат вода, но и покрај тоа се дебели. Зајаците бегаат и скокаат без одмор, но живеат не повеќе од 15 години. Желките се бавни и спори, не бегаат и ништо не прават, но сепак живеат 450 години.

Извор: Струмицаонлајн

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top