Српската тенисерка Ана Ивановиќ под влијание на немилиот настан на нејзиниот тренер Најџел Сирс, го загуби денешниот меч на Австралија Опен и покрај водството до моменот кога му се слоши на тренерот.
Србинката водеше со 1-0 во сетови и 1:0 во гемови, но тогаш следуваше прекинот по што Американката, Медисон Киз ја искористи психолошката состојба на Ивановиќ и направи пресврт.
Конечниот резултат е 2-1 за Киз, по сетови 4:6; 6:4 и 6:4.
Според информациите од Австралија, Сирс во безсознание бил пренесен во болница каде му се укажува помош.
Пласман во 4.коло на женскиот дел од Грен слемот во Мелбурн по денешните мечеви изборија: Конта, Макарова, Стрицова, Бек, Азаренка, Кербер, Киз и Жанг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст