Репрезентативниот тандем на Македонија, Дејан Манасков – Кирил Лазаров се во најдобрите четворица стрелци на ракометното Европско првенство во Полска.
Крилото на Македонија, Дејан Манасков кој досега постигна 23 гола, е на втората позиција, со два помалку од лидерот на оваа листа Белорусинот, Рутенка кој досега има постигнато 25 гола. Зад Манасков е крилото на Хрватска, Мануел Штрлек кој постигна 22 гола.
Капитенот на Македонија, Кирил Лазаров, кој на вчерашниот меч против Хрватска не успеа да се запише во листата на стрелци, па остана на 21 постигнат голов од првите три средби, е на делба на четвртото место, заедно со Барис Пукхуски (Белорусија) и Валеро Ривера (Шпанија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст