| четврток, 6 декември 2018 |

Замрзна Смоларскиот водопад

Смоларскиот водопад замрзна, објави денеска порталот „Струмица денес“. Тие добиле фотографии од читател на кои се гледа дека под замрзнатиод водопад има вода која тече со слаб интензитет.

12575742_10205236519172510_1459197178_n

Смоларскиот водопад е сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари. Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.

фото: „Струмица денес“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top