| четврток, 6 декември 2018 |

Топ-листа на претстави во рускиот печат: „Сонот на летната ноќ“ на Иван Поповски меѓу најдобрите во Москва

Режисерот Иван Поповски, кој 27 години, со голем успех работи во Москва, а кај нас е актуелен со новата претстава “Мајсторот и Маргарита”, која на крајот од минатата година ја постави во Македонскиот народен театар, деновиве во рускиот печат го фалат, заедно со светски режисерски имиња, пишува весникот „Вест“.

Неговата претстава “Сон на летната ноќ”, според Шекспир, избрана е меѓу 20 најдобри проекти во Русија за 2015 година.
Поповски 27 години живее во Москва, амбасадор е на македонската култура и е еден од тамошните омилени режисери. Тој лани летото ја постави оваа претстава во познатиот, за него матичен театар “Ателје на Пјотр Фоменко”.
Руските медиуми пренесуваат дека Поповски е на листата заедно со светски етаблирани режисери, како Адолф Шапиро, Томи Јанежич, Кирил Серебреников, Роберт Вилсон, Константин Боголомов, Хајнер Гебелс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top