| четврток, 6 декември 2018 |

Проверувајте ги лепенките на бананите, портокалите и јаболката

Кога купувате свежо овошје, посебно банани, јаболка, портокали и мандарини кои на себе имаат лепенки, посебно внимание обрнете на броевите кои се наоѓаат на нив.

Ако се состојат од четири цифри кои почнуваат со броевите 3 или 4, тоа значи дека овошјето е одгледано на „традиционален начин“ и постои огромна шанса да има вметнати пестициди.

Ако овошјето кое планирате да го купите на лепенката има 5 цифри од кои првата е бројот 8, тоа е знак дека се работи за генетски модифициран производ.

Трет случај е доколку на овошјето има пет цифри, а првиот број е 9. Во овој случај се работи за здрав и органски производ, одгледуван без пестициди и додатоци. Ова е најдоброто и најпрепорачливото овошје кое треба да го купите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top