| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва прва рунда во група „2’’ на ЕП во ракомет

На Европското ракометно првенство што се одржува во Полска, денеска на програмата се два натпревари од новоформираната група „2“.

Во првиот меч кој ќе се игра во терминот од 18 часот и 15 минути, селекцијата на Германија за противник ќе ја има Унгарија.

Вториот дуел меѓу Шведска и Русија ќе започне од 20 часот и 30 минути.

Во оваа група се и репрезентациите на Данска и Шпанија кои в недела ќе играат меѓусебно. Токму овие две селекции се и главните фаворити за освојување на првите две места кои носат пласман во полуфиналето, односно разигрувањето за медали на првенството .

На табела, Данска и Шпанија имаат по 4 бода, а Германија и Русија по 2, додека Шведска и Унгарија стартуваат од нула.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top