Годинашната меѓународна награда „Гоцева мисла“ која ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ ќе ја добијат Тања Попова од Бугарија и Звонко Танески од Македонија.
Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев (4 февруари) и неговата знаменита мисла „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“. Неа досега ја добиле Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија) и Даниела Костадиновиќ (Србија).
– Тања Попова ја добива наградата за севкупниот ангажман и придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската литература и култура во странство, посебно со нејзините бројни преводи на дела од македонски автори на бугарски јазик. Звонко Танески, исто така, наградата ја добива за бројните преводи на македонски автори и книги на словачки јазик, информира „Македонија презент“.
Доделувањето на наградите е во рамки на традиционалниот Фестивал на чајот и читањето, кој и годинава ќе почне на 4 февруари, а ќе заврши на 8 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст