Општина Струга деновиве ќе почне со реновирање на просторот околу споменикот на градскиот плоштад. За реализација на проектот предвидени се околу 2 милиони денари, средства обезбедени од општинскиот буџет.
Портпаролот на општина Струга, Роланд Амзаи денеска информира дека со проектот предвидено е да се намали висината на бетонската платформа, да се направат пешачки патеки кои плоштадот ќе го поврзуваат со улицата, а ќе бидат направени и скали и нови зелени површини.
– Со еден збор, просторот околу споменикот ќе се претвори во атрактивно катче, каде стружани ќе го минуваат слободното време, изјави Амзаи.
Тој појасни дека реновираниот плоштад во Струга ќе биде осветлен и ќе биде пријатно место за претстој и во вечерните часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.