| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен нов конкурс за пилоти во АРМ

Министерството за одбрана денеска го објави новиот конкурс за пилоти во Армијата на Република Македонија.

oglas-piloti-640x351

 

Како што се наведува во соопштението на Министерството за одбрана, селекцијата на кандидати за пилоти се состои од низа тестирања и проверки на здравствената и физичката подготвеност, компјутерски тестирања и вежби специјално прилагодени за професијата пилот, за на крај способноста на кандидатот да се потврди во 10 летови на авионот ЗЛИН – 242Л (ZLIN-242L).

Кандидатите кои успешно ќе ги завршат сите селективни тестови се здобиваат со статус на кадети и отпочнуваат со школувањето за воен пилот.

Центарот за обука на пилоти е еден од најсофистицираните центри од овој тип во светски рамки. Центарот поседува два фул-моушн (full-motion) симулатори на хеликоптерите Ми-8/17 и Ми-24, единствени од овој тип во поширокиот регион.

Заинтересираните кандидати можат да се запознаат со Конкурсот на интернет страницата на Министерството www.morm.gov.mk и на Воената академија www.ma.edu.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top