| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Љуп­чо Ни­ко­лов, тра­у­ма­то­лог: На­дри­ле­ка­ри­те мо­же да пре­диз­ви­ка­ат кр­ва­ве­ње на тки­ва, ин­фек­ции и тром­бо­за  

Ка­ко ле­кар хи­рург сме­там де­ка оде­ње­то на на­дри­ле­ка­ри, ме­ста­чи и на же­лез­ни­ча­ри кои би ви на­ме­сти­ле ис­чан­чен зглоб или би ви ис­пра­ви­ле скр­ше­на но­га, е мно­гу по­греш­но, од мно­гу при­чи­ни. Тие ни­ту се еду­ци­ра­ни, ни­ту се обу­че­ни за таа проб­ле­ма­ти­ка, ни­ту, пак, за­кон­ски е доз­во­ле­но да да­ва­ат ме­ди­цин­ска за­шти­та и ус­лу­га, ве­ли д-р Ни­ко­лов

Во вре­ме на сѐ по­го­ле­ма до­стап­ност на ин­фор­ма­ции, па­ци­ен­ти­те во Ма­ке­до­ни­ја че­сто сакаат да од­бег­нат по­се­та на ле­кар и при скр­ше­ни­ци или при слич­ни по­вре­ди на­ме­сто на ле­кар, одат кај на­дри­ле­ка­ри, ко­ско­ме­ста­чи, та­ка­на­ре­че­ни же­лез­ни­ча­ри.

Во де­неш­но вре­ме на ко­му­ни­ка­ци­ја и на до­стап­ност до ин­фор­ма­ции, лу­ѓе­то прет­по­чи­та­ат ви­стин­ска, про­фе­си­о­нал­на ме­ди­цин­ска ус­лу­га и по­мош. Ка­ко ле­кар хи­рург сме­там де­ка оде­ње­то на на­дри­ле­ка­ри, ме­ста­чи и на же­лез­ни­ча­ри кои би ви на­ме­сти­ле ис­чан­чен зглоб или би ви ис­пра­ви­ле скр­ше­на но­га, е по­греш­но, од мно­гу при­чи­ни. Тие ни­ту се еду­ци­ра­ни, ни­ту се обу­че­ни за таа проб­ле­ма­ти­ка, ни­ту, пак, е за­кон­ски доз­во­ле­но да да­ва­ат ме­ди­цин­ска за­шти­та и ус­лу­га, ве­ли во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ д-р Љуп­чо Ни­ко­лов, тра­у­ма­то­лог при Уни­вер­зи­тет­ска­та кли­ни­ка за тра­у­ма­то­ло­ги­ја, ор­то­пед­ски бо­ле­сти, ане­сте­зи­ја, ре­а­ни­ма­ци­ја, ин­тен­зив­но ле­ку­ва­ње и ур­ген­тен цен­тар.

Со до­а­ѓа­ње на зи­ма­та, се зго­ле­му­ва и ра­бо­та­та на тра­у­ма­то­ло­зи­те. Ка­кви скр­ше­ни­ци има нај­че­сто? Кои де­ло­ви на те­ло­то најм­но­гу стра­да­ат? Да­ли се тоа кол­ко­ви­те, ко­ле­на­та, згло­бо­ви­те?

НИ­КО­ЛОВ: Да, во пра­во сте. Со до­а­ѓа­ње на зи­ма­та, ка­ко ре­зул­тат на по­ни­ска­та тем­пе­ра­ту­ра, на сне­гот и на го­ло­мра­зи­ца­та, обе­мот и фре­квен­ци­ја­та на па­ци­ен­ти со скр­ше­ни­ци што ги тре­ти­ра­ме на на­ша­та кли­ни­ка е зго­ле­мен, а со тоа е зго­ле­мен и на­ши­от ан­гаж­ман. Че­сто­та­та, ка­ра­кте­рот и ти­пот на по­вре­да­та се ре­зул­тат на по­ве­ќе фа­кто­ри. На при­мер, еден ре­ле­ван­тен фа­ктор е на­чи­нот на на­ста­ну­ва­ње на по­вре­да­та – ди­ре­ктен удар или ди­ре­ктен пад, друг фа­ктор е ста­рос­на­та во­зраст на па­ци­ен­ти­те. Во од­нос на ста­рос­на­та во­зраст, по­стои ед­на пре­до­ми­на­ци­ја на по­во­зрас­на­та по­пу­ла­ци­ја (пре­ку 65 го­ди­ни), во од­нос на пом­ла­да­та по­пу­ла­ци­ја. Нив­на­та број­ка, т.е. че­сто­та­та, се зго­ле­му­ва два до три па­ти во овој вре­мен­ски пер­и­од. Нај­че­сти­те по­вре­ди, по­себ­но кај по­во­зрас­на­та по­пу­ла­ци­ја, се скр­шен колк, по­тоа скр­шен ра­чен зглоб, скр­шен ра­мен зглоб, скр­шен ско­чен зглоб, скр­шен ла­ко­тен зглоб, кр­ше­ње на дол­ги­те ко­ски…

Ljupco Nikolov (2) (Custom)

Нај­че­сти­те по­вре­ди, по­себ­но кај по­во­зрас­на­та по­пу­ла­ци­ја, се скр­шен колк, по­тоа скр­шен ра­чен зглоб, скр­шен ра­мен зглоб, скр­шен ско­чен зглоб, скр­шен ла­ко­тен зглоб, кр­ше­ње на дол­ги­те ко­ски

 

Кол­кав е про­цен­тот на овие скр­ше­ни­ци кои мо­ра да се ре­шат со опе­ра­ци­ја?

НИ­КО­ЛОВ: Зна­е­те, ле­ку­ва­ње­то на скр­ше­ни­ци­те мо­же да би­де кон­зер­ва­тив­но и опе­ра­тив­но. Ка­ков из­бор на ле­ку­ва­ње ќе на­пра­ви­ме, од­нос­но ќе му пред­ло­жи­ме на па­ци­ен­тот, за­ви­си од ти­пот, ви­дот и од ка­ра­кте­рот на по­вре­да­та. Во тра­у­ма­то­ло­ги­ја­та по­сто­јат кла­си­фи­ка­ци­ски си­сте­ми кои ни по­ма­га­ат во од­лу­ка­та за трет­ма­нот, со­од­вет­на  кла­си­фи­ка­ци­ја на по­вре­да­та – се­кој тип и пот­тип е прос­ле­ден со со­од­ве­тен трет­ман. Со ог­лед де­ка скр­ше­ни­ци­те на кол­кот се нај­че­сти, за нив мо­жам да ви ка­жам де­ка тие во по­ве­ќе од 90 от­сто од слу­ча­и­те се ре­ша­ва­ат опе­ра­тив­но. Ка­ков вид опе­ра­тив­на ин­тер­вен­ци­ја ќе се на­пра­ви, да­ли имп­лан­та­ци­ја на ве­штач­ки колк, или би­о­ло­шки тип на опе­ра­тив­на ин­тер­вен­ци­ја со имп­лан­та­ци­ја на спе­ци­јал­ни плоч­ки или кли­но­ви, за­ви­си од ти­пот на скр­ше­ни­ца­та, ка­ко што и ви на­по­ме­нав прет­ход­но. Про­цен­тот на опе­ра­тив­ни­от трет­ман и кај оста­на­ти­те скр­ше­ни­ци, ка­ко на рач­ни­от зглоб, ра­ме­ни­от зглоб, скоч­ни­от зглоб, дол­ги­те ко­ски е го­лем, по­ве­ќе од 80 про­цен­ти. Гле­да­но во це­лост, опе­ра­тив­ни­от трет­ман е мно­гу по­ве­ќе при­су­тен, по­чест из­бор тип на трет­ман, во по­ве­ќе од 90 про­цен­ти од слу­ча­и­те.

Па­ци­ен­ти­те че­сто са­ка­ат да од­бег­нат по­се­та на ле­кар и нај­че­сто за­вр­шу­ва­ат кај на­дри­ле­ка­ри, ко­ско­ме­ста­чи, же­лез­ни­ча­ри. Ка­ков е Ва­ши­от став за овој тренд?

НИ­КО­ЛОВ: Сме­там де­ка не ста­ну­ва збор тренд. Мо­же­би ста­ну­ва збор за не­ин­фор­ми­ра­ност и за нез­на­е­ње. Во де­неш­но вре­ме на ко­му­ни­ка­ци­ја и до­стап­ност до ин­фор­ма­ции, лу­ѓе­то прет­по­чи­та­ат ви­стин­ска, про­фе­си­о­нал­на ме­ди­цин­ска ус­лу­га и по­мош. Ка­ко ле­кар хи­рург, сме­там де­ка оде­ње­то на на­дри­ле­ка­ри, ме­ста­чи и же­лез­ни­ча­ри кои би ви на­ме­сти­ле ис­чан­чен зглоб или би ви ис­пра­ви­ле скр­ше­на но­га, е мно­гу по­греш­но од мно­гу при­чи­ни. Тие ни­ту се еду­ци­ра­ни, ни­ту се обу­че­ни за таа проб­ле­ма­ти­ка, ни­ту, пак, за­кон­ски е доз­во­ле­но да да­ва­ат ме­ди­цин­ска за­шти­та и ус­лу­га. Во со­вре­ме­ни­те оп­штес­тва, а та­му сме и ние не­ли, по­сто­јат со­од­вет­ни за­кон­ски ре­гу­ла­ти­ви за да­ва­ње здрав­стве­на за­шти­та и ус­лу­ги, со­од­вет­ни  ин­сти­ту­ции, со­од­ве­тен ка­дар, еду­ци­ран и де­ди­ци­ран за таа проб­ле­ма­ти­ка, ка­ко на при­мер ле­кар хи­рург, ле­кар ане­сте­зи­о­лог, ле­кар рен­тге­но­лог, ле­кар фи­зи­ја­тар, фи­зи­о­те­ра­певт.

Ljupco Nikolov (1) (Custom)

Ка­ко ле­кар хи­рург, сме­там де­ка оде­ње­то на на­дри­ле­ка­ри, ме­ста­чи и же­лез­ни­ча­ри кои би ви на­ме­сти­ле ис­чан­чен зглоб или би ви ис­пра­ви­ле скр­ше­на но­га, е мно­гу по­греш­но од мно­гу при­чи­ни

 

Да­ли ле­ку­ва­ње­то кај овие та­ка­на­ре­че­ни же­лез­ни­ча­ри мо­же да до­ве­де до вна­треш­ни кр­ва­ве­ња на ме­ки­те тки­ва, до тром­бо­за или пак до не­што дру­го?

НИ­КО­ЛОВ: Ток­му тоа е она што прет­ход­но ви го ка­жав, не­ма­ње­то со­од­вет­на еду­ка­ци­ја, обу­ка и не­ма­ње­то за­кон­ско пра­во да го ра­бо­тат тоа, мо­же да до­ве­де до се­ри­оз­ни пос­ле­ди­ци по па­ци­ен­тот. Бро­јот на комп­ли­ка­ции мо­же да би­де го­лем, од не­пре­поз­на­ва­ње на скр­ше­на ко­ска, не­пре­поз­на­ва­ње на ис­чан­чен зглоб, ма­ни­пу­ла­ци­ја на по­вре­де­но тки­во и ко­ска, па сѐ до тоа да се на­пра­ви до­пол­ни­тел­на скр­ше­ни­ца, до­пол­ни­тел­но из­ме­сту­ва­ње на ко­ска­та и оште­ту­ва­ње на окол­но­то тки­во, од­нос­но да се пре­диз­ви­ка­ат дру­ги ло­кал­ни и оп­шти комп­ли­ка­ции кои мо­жат да би­дат опас­ни и по жи­во­тот на па­ци­ен­тот. Ва­кви­от при­стап на тре­ти­ра­ње скр­ше­ни­ци, из­ме­сту­ва­ња, ис­чан­чу­ва­ња на ко­ски и на згло­бо­ви, мо­же да до­ве­де и до кр­ва­ве­ња во тки­ва­та, до ин­фек­ции, до тром­бо­за и до тром­бем­бо­ли­ја, кои се опас­ни за жи­во­тот на па­ци­ен­тот. Овие комп­ли­ка­ции, по­себ­но тром­бем­бо­ли­ја­та, се пра­те­ни со ви­сок сте­пен на мор­та­ли­тет и на мор­би­ди­тет, а во­ед­но се и пре­диз­вик за ре­ша­ва­ње и за ле­ку­ва­ње ду­ри и во со­вре­ме­на­та ме­ди­ци­на.

Во екот е и зим­ска­та се­зо­на и зим­ски­те спор­то­ви. На што тре­ба да вни­ма­ва­ат ски­ја­чи­те, а по­себ­но по­чет­ни­ци­те, ко­га ста­ну­ва збор за евен­ту­ал­ни по­вре­ди?  НИ­КО­ЛОВ: Јас и са­ми­от сум ски­јач и љу­би­тел на овој зим­ски спорт, па она што би пре­по­ра­чал на што да се вни­ма­ва се од­не­су­ва и на по­чет­ни­ци­те и на ве­ќе по­и­скус­ни­те ски­ја­чи, а тоа е со­од­вет­на фи­зич­ка спрем­ност, кон­ди­ци­ја, зна­е­ње и тех­ни­ка на ски­ја­ње, ка­ко и со­од­вет­на опре­ма. Осо­бе­но би ја наг­ла­сил по­тре­ба­та од за­гре­ва­ње, истег­ну­ва­ње на му­ску­ла­ту­ра­та пред спорт­ска­та актив­ност, при­др­жу­ва­ње на про­пи­си­те на ски­јач­ки­те те­ре­ни во смис­ла по­чет­ник ски­јач на па­те­ка за по­чет­ни­ци, да не се кон­су­ми­ра ал­ко­хол, да се но­си за­шти­тен шлем. Оп­што зе­ме­но, да не се фор­си­ра фи­зич­ки, би­деј­ќи фи­зич­ка­та ис­цр­пе­ност го на­ма­лу­ва вни­ма­ни­е­то, а со тоа се  зго­ле­му­ва мож­но­ста за евен­ту­ал­на не­са­ка­на по­вре­да.

Да­ли Ма­ке­дон­ци­те сѐ по­че­сто стра­да­ат од бо­ле­сти на ко­ски­те?

НИ­КО­ЛОВ: Не, не би ре­кол де­ка стра­да­ме по­че­сто од бо­ле­сти на ко­ски­те во по­тес­на смис­ла на збо­рот бо­лест, од­нос­но не от­скок­ну­ва­ме ни­што дра­стич­но во од­нос на ста­ти­стич­ки­те по­да­то­ци за бо­ле­сти­те на ко­ски­те во од­нос на со­сед­ни­те др­жа­ви и на др­жа­ви­те-член­ки на Европ­ска­та за­ед­ни­ца. Она што еви­дент­но е во по­раст кај нас и во раз­ви­е­ни­те зем­ји, а е во вр­ска со скр­ше­ни­ци­те на ко­ски­те, на згло­бо­ви­те, на ‘рбе­тот, по­точ­но, на ло­ко­мо­тор­ни­от си­стем, е тра­у­ма­та, со­о­бра­ќај­ни­от тра­у­ма­ти­зам. Тој во мо­мен­тот е на пр­во ме­сто по при­чи­на за смрт или ин­ва­ли­ди­тет кај лу­ѓе­то во раз­ви­е­ни­те зем­ји, а потoa се кар­ди­о­ло­шки­те и ма­лиг­ни­те за­бо­лу­ва­ња. Тоа се дол­жи на бр­зи­от ри­там на жи­ве­е­ње, на стре­сот, на си­те оние ка­ра­кте­ри­сти­ки на со­вре­ме­ни­те те­ко­ви на жи­ве­е­ње и на ра­бо­те­ње.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top