Централниот Одбор на СДСМ на синоќешната седница ги бетонираше своите ставови околу изборите кои собранието ги закажа за 24 април.
Во изјава после Централниот Одбор претседателот на СДСМ Зоран Заев изјави дека СДСМ останува на својата одлука да не учествува на изборите на 24 април, поради непречистениот избирачки список и состојбата во медиумите кои не гарантираат победа на СДСМ на изборите.
„Во ваквиот избирачки список очигледно е дека има половина милион Македонци кои не смеат очигледно да гласаат бидејќи гласаат за погрешна партија и тој список мора да се прочисти. Исто така и медиумите кои не се согласуваат со сите наши ставови мора да бидат затворени, не може таму некој Латас да кажува лоши работи за мене и на телевизија Груевски да го има по три пати на ден. Што ако бил премиер, па и јас сакам да сум премиер, и мене треба да ме има на телевизија три пати на ден“, одлучно изјави Заев.
„Додека не се исчистат сите вмровци од списокот кои гласаат за оваа тиранска власт која не ни дозволува да победиме на избори, ние нема да учествуваме на изборите, тоа да ви е кристално јасно. Избори ќе има само ако опозицијата победи сигурно на нив“, додаде лидерот на опозицијата.
После состанокот на централнот одбор, раководството на СДСМ ги зеде ставовите на партијата напишани на лист хартија и ги налеа со бетон, за и симболично да бидат бетонирани.
Бетонската плоча со ставовите на СДСМ ќе служи за со помош на неа за еден месец од денес да се одлучи дали СДСМ ќе оди на избори после најавената нова посета на Јоханес Хан.
Планирано е за еден месец од денес централниот одбор на СДСМ да ги удира главите од плочата и ако плочата се скрши, да се оди на избори.
Ако не се скрши таа, ќе паднат главите на Централниот Одбор и ќе се избере нов Централен Одбор кој ќе го предводи СДСМ на изборите на 24 април.
Бетонот бил набавен од компанијата „Македон Бетон“ и покрај негодувањата на дел од членовите на раководството на СДСМ поради тоа што на бетоно-мешалката се наоѓа сонцето од Кутлеш.
Тие на ова гледале како на подметнување од страна на Бранко Црвенковски, човекот кој го промени знамето со ѕвездата од Кутлеш. Сметале дека македонското сонце е симбол на промените и дека бетонот е частенка од Црвенковски кој има за цел да го смени овој Централен Одбор на СДСМ.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст