Несреќата лесно се забележува, само треба да ја видите и дефинитивно знаете дека ве држи во заробеништво. Кога луѓето се несреќни многу е тешко да бидете околу нив, а уште потешко да работите со нив. Несреќата ги оддалечува луѓето, создавајќи магичен круг кој ве спречува да го постигнете она за кое сте способни.
Несреќата може да ве изненади. Голем дел од вашата среќа е предодреден од вашите навики, кои треба внимателно да ги следите за да бидете сигурни дека нема да ве одведат во бездна. Некои навики ќе ве направат несреќни повеќе од други навики. Особено треба да внимавате на следниве десет навики и внимателно да ги одбегнувате доколку сакате да ја задржите среќата во вашиот живот.
1. Ја чекате иднината
Ако себеси си кажувате „Ќе бидам среќен/среќна кога…“, тогаш веќе сте развиле една од најлесните навики кои можете да ги стекнете. Воопшто не е важно како ќе ја завршите оваа реченица бидејќи тоа премногу зависи од околностите. Не трошете време чекајќи нешто што се докажало дека не го подобрува вашето расположение. Наместо тоа, фокусирајте се да бидете среќни во сегашноста, бидејќи иднината никогаш не е сигурна.
2. Трошите премногу време за да добиете нешто
Луѓето кои живеат во сиромаштија доживуваат значително зголемување на среќата кога се подобрува нивната финансиска состојба. Но, исто така постојат и голем број истражувања кои покажуваат дека материјалните нешта нема да ве направат среќни. Кога имате навика да го насочите целото внимание да остварите нешто, голема е веројатноста дека ќе станете несреќни затоа што, покрај разочарувањето кое ќе го доживеете кога ќе ја остварите целта, ќе откриете дека сте ги пропуштиле вистинските нешта кои ве прават среќни, како пријателите и семејството.
3. Премногу седите дома
Кога се чувствувате несреќно, преферирате да ги одбегнувате луѓето. Ова е голема грешка бидејќи социјализацијата, дури и кога не уживате во неа, одлично влијае на вашето расположение. Сите сме имале денови кога само сакаме да се прекриеме со ќебето преку глава и да не разговараме со никого, но лошо е кога ова ќе ви прејде во навика.
4. Се доживувате себеси како жртва
Несреќните луѓе често сакаат да велат дека животот е тежок и надвор од нивна контрола. Или со други зборови „Животот е тежок и јас не можам да направам ништо во врска со тоа.“ Проблемот со оваа филозофија е тоа што го храни чувството на беспомошност, а луѓето кои се чувствуваат беспомошно е малку веројатно дека ќе преземат нешто за да ја подобрат својата состојба.
5. Песимистични сте
Ништо не ја храни несреќата како песимизмот. Проблемот со песимистичкиот став, покрај тоа што е лош за вашето расположение, е што најчесто претставува пророштво кое се остварува: Aко очекувате лоши нешта, голема е веројатноста дека ќе ви се случат лоши нешта. Секогаш е тешко да се ослободите од песимистичките размислувања, сè додека не сфатите колку се нелогични. Гледајте во фактите и ќе видите дека нештата не се ни приближно толку лоши како што моментално ви изгледаат.
6. Постојано се жалите
Оплакувањето само по себе е проблематично како и ставот кој му претходи. Тоа е еден вид однесување кое само се издржува. Ако постојано се жалите дека нештата се лоши, ви на тој начин и ги храните вашите негативни верувања. Додека зборувањето за проблемите може да помогне, претераното зборувате за тоа може само да ја нахрани вашата несреќа.
7. Претерувате
Лошите нешта им се случуваат на сите. Разликата е во тоа што среќните луѓе ги гледаат онакви какви што навистина се, како моментално разочарување, додека несреќните луѓе гледаат сѐ негативно како доказ дека нивниот живот е надвор од контрола.
8. Ги туркате проблемите под тепих
Среќните луѓе се свесни за своите акции. Кога ќе направат грешка, тие и ја прифаќаат. Несреќните луѓе, од друга страна, се плашат од проблемите и грешките, па се обидуваат да ги сокријат. Проблемите растат кога се игнорирани. Колку повеќе го игнорирате проблемот, толку повеќе се чини дека не можете да направите ништо во врска со тоа.
9. Не се подобрувате
Поради тоа што несреќните луѓе се песимисти и веруваат дека немаат контрола врз својот живот, се предаваат и чекаат животот да им се случи сам по себе. Наместо да си поставуваат животни цели, да учат нови работи и да се подобруваат себеси како личности, тие само седат и се прашуваат зошто нештата не се менуваат.
10. Се споредувате со другите
Љубомората и зависта се неспоиви со среќата, па ако постојано се споредувате со другите, време е да прекинете. Во едно истражување се открило дека повеќето испитаници велат дека би било во ред ако заработуваат помалку пари, но само ако и другите заработуваат помалку. Ова размислување без сомнение води кон несреќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.