Еден од најпознатите македонски диџеи, диџеј Бабура, почина утринава по долго боледување. Љупчо Петровски, легенда на македонската радио и клупска сцена, ја загуби битката со болеста на 44-годишна возраст.
Кариерата на Петровски почна уште во деведесеттите години со пуштање музика на радиото „Мега ФМ“, за подоцна да стани резидент во двете најголеми скопски радија, „Антена 5 радио“ и потоа во „Сити радио“, каде беше и косопственик.
Препознатлив по хаус музика, Петровски настапуваше со сите светски диџеи кои гостуваа во земјава, а со неговите музички сетови израснаа повеќе генерации во клубовите низ Скопје и низ земјава.
Пред повеќе од една година, диџејот и неговата сопруга станаа родители на две момчиња, близначињата Јаков и Јаким.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст