Десет проценти од македонските ученици имаат проблеми со видот. Систематските прегледи открија дека 6.000 основци и 3.000 средношколци се кратковиди или имаат слепило за бои. Последните години бројот на деца што мора да носат очила е драстично зголемен, а тоа го потврдуваат и лекарите од Клиниката за очни болести. Велат дека нема преглед кај ученик што не завршил со одредување диопртија. Причините ги гледаат во модерниот начин на живеење каде што младите поминуваат со часови пред комјутер или на телефон.
-Има зголемен број деца кај кои мора да одредиме диоптрија. Тој број е многу зголемен во последните неколку години. Доаѓаат со оштетувања на видот и тоа кога е веќе доцна и нема што друго да направиме. Ова време го прави своето, многу седат пред комјутери, плејстејшни, пред монитори, играат на телефони и тоа предизвикува оштетувања на видот – вели др.Ирина Богданова од Клиника за очни болести.
До третата година од животот секое дете мора да има направено еден преглед на очите. Но, за жал, како што вели и д-р Богданова, кај нас нема таква практика. Место превентивно, кај нив учениците завршуваат кога веќе е доцна за интервенција.
-Нема таква навика кај родителите. Не ги носат децата кога треба туку кога е веќе доцна. Или, пак, ако се посомневаат дека нешто не е во ред со очите на детето и тогаш бараат помош – вели Богданова
Истражување во светски рамки покажало дека во новото модерно време на живеење, има зголемен ризик од појава на диоптрија кај интелектуалците, односно лицата што најголем дел од времето го поминуваат пред компјутер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст