Чешкиот премиер Бохуслав Соботка оцени дека бегалците не се организирана војска и затоа смета дека актуелниот миграциски бран може да се спречи само со европска соработка, а не со одделни акции.
Говорејќи пред пратениците во чешкото Собрание, Соботка се спротивстави на предлозите кои можат да се слушнат во земјата за оградување на границите на Чешка или нејзино излегување од Европската Унија.
– Според мое мислење, Европа мора да им помогне на луѓето кои бегаат од војната и од репресијата, но тоа не може да го направи по цена на сопственото загрозување, истакна Соботка.
Тој смета дека политиката за миграција мора да има правила и лимити и уште еднаш повика на засилување на надворешните граници на Шенген зоната и воспоставување на прифатни центри.
Соботка поддржува воспоставување на „политика за враќање“ на бегалците и соработка со соседните земји, особено со Турција.
За него решение не се квотите за прераспределба на мигранти во земјите на Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст