| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Она што ВМРО-ДПМНЕ го ветува подоцна и го исполнува

Како дел од кампањата „На Македонија и треба твојата иднина“, вечерва ВМРО-ДПМНЕ организираше трибини во Аеродром и Карпош, на кои се обрати вицепремиерот и министер за финансии и член на ИК на партијата Зоран Ставрески.

Тој пред присутните истакна дека значајно е со граѓаните да се биде постојано, а не само кога се прави програмата и оти се внимава за она што се ветува, а кога ќе се вети се прави анализа за тоа што ќе се побара и за тоа што ќе се вети.

-Она што ВМРО-ДПМНЕ го ветува подоцна и го исполнува. Тоа не значи дека сме биле идеални, сме имале пропусти и грешки и задоцнувања. Но никогаш проект што бил ветен не останал нереализиран, истакна Ставрески.

Осврнувајќи се на случувањата од изминатата година тој рече дека поминавме низ една година во која на тест беше ставена стабилноста на земјата и, како што рече, на некој начин целата држава и сите граѓани беа во грч поради политичките случувања. – Тоа, додаде, не треба така да биде. Граѓаните од политиката треба да видат решавање на нивните проблеми, а не политичарите да се занимаваат сами со себе или со работи кои не се својствени на демократските земји.

Потенцира дека долго време ја гледаме тактиката на СДСМ да нема стабилност во земјата тогаш кога е во опозиција и да не се остави полн мандат на ВМРО-ДПМНЕ за да не го реализира она за што е способна и кое граѓаните го ценат.

Додаде дека тоа е и причината поради која како и претходно мора да се оди на предвремени избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top