Неколкумина американски познати личности ја потпишаа петицијата на интернет, со која се предупредува за вербалните испади на потенцијалниот републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп.
Автори на петицијата „Стоп на омразата, да се ослободиме од Трамп“ се писателката на „Вагинални монолози“ Ив Енслер, продуцентката на документарни филмови Џуди Еванс и социологот Кимберли Креншоу
Актерите Хари Белафонте и Дени Гловер, режисерот Џонатан Дем и глумиците Кери Вашингтон, Џејн Фонда и Росана Аркет, исто така, се наоѓаат меѓу потписниците.
– Им даваме можност на Американците да слушнат и да реагираат додека кампањата на Трамп го освојува просторот со често користење на омраза и поделби во неговите говори, изјави Енслер.
Петицијата, со која се поттикнуваат големите компании да ги прекинат бизнис односите со Трамп, веќе има собрано 85.513 потписи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст