Мајката Ерика Ендрјус не чекала многу за да ја објави својата прва фотографија со новороденчето. Таа се фотографирала 24 часа по породувањето и ја објавила фотографијата.
– Вака изгледа телото 24 часа по породувањето. Бебе во марама. Кожа до кожа. Пелени за возрасни. Се чувстувам како да сум истрчала маратон. За нас породувањето е како за земјата земјотрес. И понатаму чувстувам последици – напишала Ерика.
Фотографијата ја испратила кај Сакури Блум, која се занимава со производство на марами за бебиња, а потоа фотографијата се појавила на социјалните мрежи.
– Пред 23 часа во мене беше уште еден живот, а пред 24 часа тој живот мина низ мене, низ моите раце кои толку долго го чекаа. Празнината во мојот стомак носи тешко чувство, судир со реалноста, но еве го малиот живот кој плаче и кој сака да биде на моите гради и јас повторно се чувстувам цела – истакна таа.
Постот на мајката доби 78 илјади лајкови и споделен е 19 илјади пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст