„Златната бубамара на популарноста“ ќе се одржи по 19. пат, но првпат во „Метрополис Арена“ наместо во Универзална сала која не е во функција.
„Во третата недела од февруари, традиционално, по 19-ти пат ќе се одржи спектакуларното доделување на наградите на најпопуларните уметници од Македонија и екс-југословенските простори. Наградите ќе бидат доделени по список и редослед кој е прочистен и потврден од музичко-забавната комисија на Радио Бубамара, со дозвола за увид два дена по денот на настанот, во рамки на одложената ТВ-снимка со среќни ПИМ-мерки.
Добрата забава и хумор се потреба во секое нормално хумано општество и тоа барем еден ден во годината, а додека го чекаме тој убав ден во февруари, ви препорачуваме да продолжите да ќутите по дома и да дишете загаден воздух надевајќи се дека повторно ќе ве огрее „Ново сонце на слободата“, велат од „Буба Мара“.
Режисерот и организатор на оваа култна манифестација, Ранко Петровиќ, како и секогаш сценариото го крие во тајност и најавува дека овој голем празничен медиумски настан, повторно ќе биде во знакот на високоинтелигентна сатира, пристоен хумор, добра музика и аплаузи за најголемите македонски и балкански уметници.
Датумот уште не е прецизиран, првиот можен весел датум за одржување е 18 февруари оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст