Ракометарот на Хрватска, Марино Мариќ повика на внимателност пред вечерашниот натпревар со Македонија и нагласи дека не е само Лазаров опасност по неговата репрезентација.
– Луѓето мислат дека треба само да го сопреме Лазаров и дека со тоа сме ја завршиле целата работа. Но, не е така. Тогаш тој ја разигрува пола екипа, а Македонците имаа и други многу квалитетни играчи. Игравме со нив и во минатото, неколку пати сме ги победувале, но тоа ништо не значи. Супер тим се со добар селектор кој создаде компактна целина. Ќе биде возбудлив натпревар. Во никој случај не треба да ја потцениме Македонија иако втората фаза ја почнува без бодови, истакна хрватскиот пивотмен.
Според хрватските медиуми евентуален неуспех за нивниот национален состав вечер против Македонија, би значел крај на шансите за едно од првите две места на табелата кое обезбедува полуфинале и борба за медал на Европското првенство.
Натпреварот почнува во 20 часот и 30 минути
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст