Нина Бадриќ преку социјални мрежи му испраќа бакнежи на еден од најатрактивните актери од помладата генерација.
Како што пренесуваат регионалните таблоиди хрватската пејачката му фрлилал мерак на актерот Вук Костиќ на кој почнала да му се додворува преку неговата другарка од класа Калина Ковачевиќ.
Пејачката и актерот одлично се познаваат, но Нина решила да отиде чекор понатаму. Со оглед на тоа дека Вук нема профил на социјалните мрежи, на кои Бадриќ е доста активна, пејачката едвај дочекала неговата колешка Калина да сподели фотографија со Костиќ на Инстаграм под која веднаш му испратила бакнежи во коментар.
-Вук Костиќ со кој секогаш е забавно и весело. Родени на ист ден, се занимаваме со иста работа, студиравме кај иста професорка, работиме во ист театар на исти претстави, серии, филмови. Брат мој! – напишала актерката до фотографијата.
-Бакнежи за тебе и Вук – напишала Нина.
Не е тајна дека Бардиќ сака помлади мажи. Таа беше во брак со шест години помладиот Бернард Красниќ, а по разводот имаше куса врска со актерот Горан Богдан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.