| четврток, 6 декември 2018 |

Мандатарот Орешковиќ ја претстави новата хрватска влада

ти

Мандатарот на хрватската влада Тихомир Орешковиќ денеска ги објави кандидатите за потпретседатели на владата и министри, кои утре треба да бидат одобрени од Саборот, јавува Хина.

Орешковиќ истакна дека во последните 10­-15 денови разговарал со најмалку 60 кандидати, чии идеи ќе ги искористи како премиер, а на граѓаните им се заблагодари на трпението за долготрајниот процес за формирање на владата. ­

-Овој тим е мој тим, среќен сум и горд на тимот. Подготвен сум да преземам одговорност и сите заедно да почнеме да работиме- посочи Орешковиќ.

За прв потпретседател на владата е предложен претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Томислав Карамарко, додека лидерот на МОСТ, Божо Петров ќе биде потпретседател на владата. За министер за финансии предложен е Здравко Мариќ (менаџер во Агрокор), а за министер за надворешни и европски раноти Миро Ковач, (ХДЗ), за министер за внатрешни работи ­ Влахо Орепиќ (МОСТ), за економија Томислав Панениќ, за одбрана Јосип Буљевиќ, за правда Анте Шприље.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top