| четврток, 6 декември 2018 |

Стратфор: Решавачка година за ЕУ

Според позната американска агенција за геополитички прашања, во 2013 година ќе се утврди дали ЕУ и понатаму ќе се фрагментира со што ќе ја изгуби релеватноста на конитентот и во светот или ќе се консолидира во нова сила, но поинаква од таа што беше досега

Потребен е излез од кризата за кој  во Европа има доволно паметни луѓе кои можат да го смислат, но не постои политичка волја за решение. Прашањето е кој да го носи товарот на исплатата на суверените долгови – сиромашните, средната класа или богатите? Прашањето е и национално – кои земји треба да исплаќаат долговите, тие кои што се најзадолжени или најбогатите?

Ова се прашања кои ги поставува познатата агенција за геополитички истражувања Стратфор, а кои имаа директно значење за Македонија и нејзините евроинтегративни апсирации.

Џорџ Фридман, директорот на Стратфор заклучува: „Материјалот (од кои е направена ЕУ) не е доволно стар, не е доволно носен и не е доволно цврст за да ги издржи предизвиците. Од луѓето не се бара да умираат на бојно поле за ЕУ туку да живеат во мизерија и разочарување. На многу начини ова е потешко отколку да се биде храбар. А, бидејќи суштинското ветување на ЕУ беше просперитетот, неуспехот да се испорачат тоа ветување е неодржливо за Унијата. Ако ЕУ е во криза, најголемата светска економија е во криза. Таа криза е политичка исто како што е финансиска. Тоа ќе влијае на светот повеќе од се друго“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top