Вчера во 13.00 часот во ПС-Кичево, доктор од Медицински центар Кичево, пријавил дека било донесено едногодишно девојче со прострелна рана во пределот на десната натколеница, нанесена од огнено оружје.
Од преземени мерки утврдено е дека истиот ден во 12.30 часот на ул. „Васил Главинов“ во Кичево, во семејната куќа на Р.М. седумнаесетгодишно момче од пиштол, сопственост на Н.М., кој го поседувал со дозвола, во еден момент испукал еден куршум, повредувајќи го детето во пределот на десната натколеница.
По укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите, бебето е пренесено во Ургентен центар – Скопје.
Извршен е увид на местото на настанот и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст