Убиството во Лондон, на пребегнатиот руски разузнавач Александар Литвиненко, во ноември 2006 година „веројатно„ било одобрено од претседателот Владимир Путин, заклучи јавната истрага, водена во Велика Британија.
Во денеска објавените заклучоци од истрагата , со која раководеше судијата Роберт Овен се истакнува дека рускиот претседател „ја потпишал„ одлуката за убиство на шпионот, кој со семејството пребегна од Русија во Британија.
Заклучоците од истрагата не посочуваат докази за ваквото обвинување, освен што се тврди дека извршители на убиството се Андреј Луговој и Дмитри Ковтун, обајцата поранешни оперативци на руската тајна служба ФСБ, во која пред бегството во Лондон, работел и убиениот.
Британските власти уште во 2007 година, по завршувањето на полициската истрага за смрта на Литвиненко, побараа од руските власти да дозволат сослушување на Луговој во Лондон, но Москва тоа го отфрли. Објаснувањето беше дека рускиот Устав не дозволува сослушување и судење на руски државјани во странски земји.
За нив двајцата, судијата Овен во заклучокот, сега вели дека „веројатно дејствувале по налог на Москва“.
Александар Литвиненко (43) почина во една лондонска болница, откако беше отруен со радиоактивниот изитоп Полониум-210, што бил ставен во неговиот филџан со чај.
Претходно, во едно кафуле во лондонски хотел, Литвиненко се сретнал со Луговој и Ковтун. Веднаш по средбата, тој се пожалил дека не му е добро.
Поминаа неколку денови, додека лекарите утврдија дека станува забор за нуклеарно труење, па ја алармираа полицијата.
Скотланд Јард откри дека секаде во Лондон, каде престојувале Луговој и Ковтун, имало траги на радиокативниот полониум, дури и на седиштата на авионот со кој допатувале во Британија од Москва.
Британската полиција го прогласи само Луговој за фирмално осомничен за убиството, додека сега судијата раководител на јавната истрага како „изврчители„ ги прогласи двајцата Руси, поранешни колеги и пријатели.
Безбедносни експерти уште тогаш тврдеа дека станува збор за „државен тероризам„ затоа што „оружјето„ со кое беше убиен Литвиненко се чува во специјални складишта и дека радиоактивните изотопи може да бидат во посед само на државата.
Официјална Москва ги отфрлаше од почетокот обвинувањата за вмешаност во смрта на Литвиненко, пткривајќи дека тој во Британија работел за британската разузнавалка агенција МИ6, што беше потврдено дури во текот на траењето на јавната истрага.
Литвиненко и „помагал„ на британската тајна служба, но и на шпанската, во големата операција за откривањето на патот на валканите пари на руската мафија во странство и за нејзините врски со рускатата политичка.
Британскиот министер за внатрешни работи, Тереза Меј ќе го изнесе ставот на владата, по заклучоците од истрагата за убиството на Литвиненко
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст