Издавачката куќа „Или-или“ ја издаде книгата „Чејка и чајка“ на Вера Чејковска. Ова е 121. издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа чие излегување финансиски е поддржано од Министерството за култура на РМ.
Илустрацијата на корицата ја изработи Марија Смилевска, а дизајнот на книгата е на Бригада.мк.
Вера Чејковска (Скопје, 1954) е македонски поет, есеист, доктор на физички науки, добитник на македонските поетски награди „Млада Струга“, „Кочо Рацин“, „Ацо Шопов“ и „Браќа Миладиновци“. Изворно, на македонски јазик, ги објавила поетските книги: Човек и врата (1975), Множење на словото (1986), Опит (1992), Отсуството на Благиот (1993 – избор), Рабови (2007), Отсуството на Благиот II (2008 – избор) и Моите веди (2013).
Издадени се два нејзини поетски избори на англиски и еден на албански јазик.
За нејзината поезија се напишани над триесетина засебни текстови од дваесетина познати македонски критичари, во кои општите оценки се движат од антитрадиционалност во однос на целокупната македонска поезија, до постмодернизам и пост-постмодернизам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст