Македонската ракометарка Робертина Меческа докажа дека силната волја може да промени се. Откако прежиевеа пад од прозор на зграда, нејзината упорност и волја и помогнаа да продолжи со физичките активности, планинарење, велосипедизам. Силна е нејзината желба да се врати на ракометот. Годинава за Водици таа скокна во Дрим по крстот. Робертина во интервју за Република изјави декае благодарна на Бог што е жива и здрава.
-Благодарна сум на Бог што сега сум многу посилна, имам многу поголема позитивна енергија, што гледам на животот без тешкотии, минорни се сите проблеми. Најважно е што сум здрава. Амбициозно влегувам во овој живот што ми е поблиску до Бога откако паднав – коментираше таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.